Ново откритие фрла мрак на сѐ што беше познато за короната досега: Болеста удира врз овој дел од телото пред другите симптоми
Истражувачите од Универзитетот во Синсинати кои го испитувале заболените од ковид-19, дошле до шокантни резултати зошто откриле појава пред било која манифестација на телесни симптоми.
Според резултатите од истражувањата, покрај губењето на сетилото за мирис и вкус, сега постојат уште две појави кои укажуваат на присуство на коронавирус.
Во ова истражување учествувале 114 пациенти со симптоми на болеста, а резултатите покажале дека дури 47,7 отсто од учесниците пред појавата на телесни симптоми чувствувале депресија и силен напад на анксиозност.
Коавторот на студијата, д-р Ахмад Седат напоменува дека знаците на анксиозност и депресија се разбирливо поврзани со симптомите на ковид-19 зошто вирусот изгледа го напаѓа централниот нервен систем.
– Неочекуваните наоди за психичките тешкотии предизвикани од ковид-19 потенцијално може да ни кажат нешто повеќе за болеста во иднина, истакна тој и додаде дека отстранет е секаков сомнеж околу тоа дека короната сериозно може да го наруши нервниот систем.