Реклама
Вирално

Светската здравствена организација излезе со разочарувачки вести: Ова никој не сакаше да го слушне

Реклама

Светската здравствена организаација во неделата пријави рекорден пораст на случаи заболени од коронавирусот, наведувајќи дека во периодот од 24 часа се забележани 183.020 заразени.

Како што се наведува во дневниот извештај на СЗО, најголем пораст е забележан во Северна и Јужна Америка, каде се потврдени повеќе од 116.000 случаи на коронавирус.

Претходниот рекорден број на нови случаи е забележан на 181.232 новозаболени, пренесува Ројтерс.

Маркетинг

СЗО наведува дека повеќе од 8,7 милиони луѓе се заразени од коронавирус во светот, додека повеќе од 461.000 се жртви.

Според податоците на сајтот Ворлд метерс, од коронавирусот во светот се заразени повеќе од девет милиони луѓе, додека 468.721 лица го загубија животот, а излекувани се над 4,7 милиони луѓе.

Маркетинг

Генералниот директор на Светската здравствена организација (WHO) Тедрос Адханом Гебрејесус уште во април еднаш ги предупреди земјите добро да размислат за ублажување на мерките во текот на пандемијата од коронавирусот.

Освен што повторно ги смируваше страстите од САД, предупреди дека луѓето и натаму не знаат доволно за коронавирусот, а ситуацијата ја спореди со шпанскиот грип од 1918 година од кој животот го загубија 100 милиони луѓе.

„Верувајте ни, најлошото допрва следува. Да ја спречиме оваа трагедија. Многу луѓе се уште не го разбираат овој вирус. Ваква пандемија не сме имале 100 години и потсетува на шпанскиот грип од 1918 година. Но сега имаме технологија, може да спречиме катастрофа“, напомена Гебрејесус во Женева.

 Светот требаше да ја послуша Светската здравствена организација, која предупреди за вирусот Корона уште на крајот на јануари, изјави претходно извршниот директор на Тедрос Адханом Гебрејсус.

Иако САД остро ја критикуваа СЗО поради бавните реакции на ширењето на коронавирусот, нејзиниот главен директор Тедрос Гебрејесус уште еднаш застана во одбрана на својата работа.

„Државите сами одлучуваат да ги применуваат мерките или не“, рече тој.

Коментирајќи ја политиката на олабавување на рестриктивните мерки за кои се залагаше бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во време кога земјата сè уште не го достигна врвот на пандемијата, СЗО немаше мандат да ги принудува државите да ги спроведат нивните препораки.

Потоа нагласи зошто светот требаше да ги послуша препораките на СЗО:

„Светот требаше внимателно да го послуша СЗО затоа што глобалната криза започна на 30 јануари, кога беа заразени првите луѓе надвор од Кина и немаше мрtви“, рече Тедрос на прес-конференција во Жeнева.

“На целиот свет му препорачавме да го примени глобалниот пристап на подрачјето на здравството. Рековме дека треба да ги идентификуваме пациентите, да ги тестираме, да ги изолираме и да откриеме со кого биле во контакт. Земјите што ги слушале тие препораки се во подобра позиција. Ова е факт”, рече Тедрос и додаде дека тоа покажува  колку е важно е да се слушаат препораките на СЗО.

„Секоја земја можеше да ги воведи тие мерки во јавното здравство. Мислам дека доволно јасно тоа покажува колку е важно да се слушаат препораките на СЗО“; истакна тој.

САД, каде првата жртва од коронавирусот е забележана на крајот на февруари, многу потешко настрада во пандемијата, по бројот на заразени и по бројот на жртвите. Вашингтон кој ја обвинува СЗО дека лошо управува до кризата од коронавирусот но и за задоцнетото предупредување на светот за опасност од пандемија за да не го налути Пекинг, престана да ја финансира оваа организација.

Фото: Profimedia

Главниот директор на СЗО, изложен на критика, во повеќе наврати ја бранел својата работа, одбивајќи го повикот за оставка минатата недела. Во понеделник рече дека „ќе продолжи да дава препорака втелемелени на наука и на докази“.

„Државите сами одлучуваат да ги применуваат мерките или не“, рече тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button