Реклама
Вирално

Статус на медицинска сестра од Прилеп: Короната не е играчка, гледам човечки судбини поради што не можам мирно да спијам

Реклама

Статусот кој на Фејсбук го објави Флорина Бошкоска, медицинска сестра во Инфективното одделение на градската болница “Борка Талески” во Прилеп е опомена до сите кои не ги почитуваат рестриктивните мерки и сметаат дека коронавирусот не е сериозна закана по животот на луѓето:

“Две нови жpтви денес во Прилеп. Оставија деца, сопруги, родители. Но, сепак тоа не е ништо, така?! Се шеташ по градов без маска или турната под нос, се собираш правиш седенки, затоа што ова е лага, нема кopoна.

Маркетинг

Е сега да ви кажам нешто!

Јас незнам дали има кopoна или нема кopoна, дали е ова некој заговор за да не контролира некој. Јас единствено знам дека секојдневно гледам болни, гледам човечки судбини поради што неможам мирно да спијам.

Маркетинг

Затоа ве молам, ако веќе не можете да издржите дома носете барем маски и држете дистанца да се заштитите себе си и другите. Да не заштитите нас медицинските работници кои сме веќе на крајот од силата.

Народе свестете се ова не е играчка, животи се во прашање!!!

НОСИ МАСКА И ДРЖИ ДИСТАНЦА!!!

Дали е ова толку многу комплицирано? Еден ден и ова ќе помине ќе се дружиме ќе се гушкаме. Само од нас зависи колку долго ќе треба да чекаме. А со ваква ниска свест каде ќе ни биде крајот. Бог да им подари царство небесно на сите жpтви”.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button