Апел од министерот Филипче до сограѓаните кои ја победија короната: Можете да спасите живот!
Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил им се заблагодарува на сите оздравени пациенти од Ковид-19, кои донираа плазма за лекување на заболени.
-Апелирам до сите што можат да донираат, да го сторат тоа. На тој начин можете да спасите живот.
Плазма може да даруваат луѓе кои го прележале Ковид-19 на Институтот за трансфузиона медицина, напиша Филипче.
Вкупниот број на активни случаи на заразени со Ковид-19 во земјава изнесува 412, откако вчера беа регистрирани 25 нови случаи. Со тоа вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на пандемијата изнесува 1.817 лица, бројката на оздравени пациенти е 1.301, а починати се 104 лица.
Во изминатите 24 часа направени биле 286 тестови и тоа преку: ИЈЗ –165, Клиника „Жан Митрев“ –3, Систина со PCR метода -18 и МАНУ -100. Со тоа досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни, соопшти Министерството за здравство.