Реклама
Вирално

СЗО: Светот требаше да ги послуша нашите предупредувања за коронавирусот

Реклама

Светот требаше да ја послуша Светската здравствена организација, која предупреди за вирусот Корона уште на крајот на јануари, изјави во понеделникот извршниот директор на Тедрос Адханом Гебрејсус.

Иако САД остро ја критикуваа СЗО поради бавните реакции на ширењето на коронавирусот, нејзиниот главен директор Тедрос Гебрејесус уште еднаш застана во одбрана на својата работа.

„Државите сами одлучуваат да ги применуваат мерките или не“, рече тој.

Маркетинг

Коментирајќи ја политиката на олабавување на рестриктивните мерки за кои се залагаше бразилскиот претседател Јаир Болсонаро, во време кога земјата сè уште не го достигна врвот на пандемијата, СЗО немаше мандат да ги принудува државите да ги спроведат нивните препораки.

Потоа нагласи зошто светот требаше да ги послуша препораките на СЗО:

Маркетинг

„Светот требаше внимателно да го послуша СЗО затоа што глобалната криза започна на 30 јануари, кога беа заразени првите луѓе надвор од Кина и немаше мртви“, рече Тедрос на прес-конференција во Жeнева.

“На целиот свет му препорачавме да го примени глобалниот пристап на подрачјето на здравството. Рековме дека треба да ги идентификуваме пациентите, да ги тестираме, да ги изолираме и да откриеме со кого биле во контакт. Земјите што ги слушале тие препораки се во подобра позиција. Ова е факт”, рече Тедрос и додаде дека тоа покажува  колку е важно е да се слушаат препораките на СЗО.

„Секоја земја можеше да ги воведи тие мерки во јавното здравство. Мислам дека доволно јасно тоа покажува колку е важно да се слушаат препораките на СЗО“; истакна тој.

Пандемијата од новиот коронавирус покоси повеќе од 206.000 луѓе во светот откако изби во Кина, во декември минатата година.

Иако Европа внимателно се врти кон попуштањето на рестрикции, во Бразил и во САД се почести се повиците во таа смисла. Но епидемијата во тие две земји не е во истата фаза како и во Европа.

САД, каде првата жртва од коронавирусот е забележана на крајот на февруари, многу потешко настрада во пандемијата, по бројот на заразени и по бројот на жртвите. Вашингтон кој ја обвинува СЗО дека лошо управува до кризата од коронавирусот но и за задоцнетото предупредување на светот за опасност од пандемија за да не го налути Пекинг, престана да ја финансира оваа организација.

Главниот директор на СЗО, изложен на критика, во повеќе наврати ја бранел својата работа, одбивајќи го повикот за оставка минатата недела. Во понеделник рече дека „ќе продолжи да дава препорака втелемелени на наука и на докази“.

„Државите сами одлучуваат да ги применуваат мерките или не“, рече тој.

На 17 мај треба да почне заседанието на Светското здравствено собрание, тело на СЗО кое донесува одлуки, а се состанува секоја година и во чија работа учестуваат сите земји членки.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button