Браво за овие македоснки угостители: „Нема да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне“
По примерот од соседството и нашите угостители решија да не отпуштаат работници.
Сопствениците на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe на Фејсбук објавија дека и покрај трошоците тие нема да отпуштат ниту еден вработен.
– Донесовме одлука дека во периодот што следи нема да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне. Прво ние знаеме што значи во животот да се НЕМА. Второ, ние НИКОГАШ неможеме и НЕМА да заборавиме дека на нас кога ни беше најтешко во животот и кога некој се обидуваше да не сотре со милион препреки, вработените секогаш беа тука за нас и ни даваа целосна подршка со нивниот ведар дух и ентузијазам,впрочем по нешто што сме и надалеку препознатливи.пишува во Фејсбук статусот.
Додоека трае оваа пандемија голем број на работници добија откази.
Но една босанска компанијреши на сите да ни го пренесе позитивниот пример за бидејќи таа не остави ниту еден работник на улица,а за возврат дури им ја зголеми плата.
Оваа фирма е од Брчко и за на пандемијата реши на своите вработени да им помогне бидејќи тие се директно изложени на потенцијалната зараза.
Па така поголема плата ќе добијат вработените во продавниците, транспортот и испораката на производи.
-Ние отворивме и четврти сегмент на продажба на нашата платформа ZIRA.PRO со што им помагаме на граѓаните и во овие моменти да бидат снабдени без да мора да ги напуштаат своите домови. Отсега, многу лесно може да се нарачаат сите производи кои ви се потребни, а ние ќе ги доставиме на посакуваната адреса, работиме брзо, велат од компанијата за порталот Otisak.