Реклама
BEAUTYНега и здравје

Држете растојание од фрижидерот – доволно е два метра!

Реклама

Во изолациајта се почитуваат многу правила, но најсвежите кои кружат деновиве низ социјалните мрежи гласат: Задолжително држете растојание од фрижидерот, барем 2 метра!

ФОТО: greenandgrowing.org

Разбирливо е, затоа што покрај полниот фрижидер, кога ќе ја додадеме цела нервоза што ја собираме во себе, тогаш страда нашиот организам. Не се во прашање само вишокот килограми, туку и вашето здравје. Секако, тоа не значи дека треба да заборавите на храната. Напротив, и понатаму пожелни се три вида главни оброци и ужини. Но, препорачливо е главниот оброк да ви биде мала количина храна која е богата со витамини и минерали, пред се’ овошје и зеленчук.

За појадок би можеле да јадете сардина или туна. Покрај тоа, консумирајте леб од цело зрно и ферментирани млечни производи, јогурт или кисело млеко. За ручек можете да изберете супа, варено месо или риба, а за вечера може да го имате исиот оброк како и за ручек, но во помали количини. За ужина можете да изберете некое овошје.

Маркетинг

Од овошје треба да избегнувате банани, а повеќе да јадете јаболки и портокали. Се подрабира тоа дека слатките работи треба да ги ставите на црната листа. Со цел да го задржите зајакнатиот имунитет, не е доволно само да водите сметка за исхраната, туку неопходно е и да вежбате. 15 до 30 минути лесни вежби не само што ќе ви ги активираат повеќето мускули и циркулацијата, туку и хормонот на среќа. Има многу видеа на интернет од личности кои несебично ги споделуваат своите тренинг-програми, што е особено погодно за овој период на изолација.

Ако пак повеќе време поминувате пред компјутер или телевизор, избегнувајте да јадете во исто време. Само оброкот зад кујнскиот стол ќе ве спаси од тоа да внесете повеќе храна отколку што ви е потребно.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button