Реклама
Нега и здравје

Намирници со кои лесно ќе се изборите против грип и настинка

Реклама

Честото миење на рацете, редовното вежбање и внесувањето витамини во организмот се одлична превенција во борбата против ваквите заболувања, но и внесувањето на следнава храна може многу да ни помогне во тоа.

ФОТО: Freepik

Започнуваме со неговото величество – лукот! Алицинот кој го има во него ги тера бактериите подалеку од вашето тело. Лукот исто така помага во одржување на здрава флора на цревата и е богат со антиоксиданти.

Јаткасти плодови – јаткастите плодови како што се бадемите, лешниците, бразилските ореви се извор на цинк и селен кои се неопходни за правилно и здраво функционирање на нашето тело.

Цитруси – лимон, портокали, лимета и мандарини се најдобри борци против вируси и настинки во зимските месеци заради високата количина на витамин Ц.

Маркетинг

Риба – туна, скуша и лосос се богати со омега-3 масни киселини кои го намалуваат воспалението во организмот, како и витамин Д.

Чај – црниот, зелениот и белиот чај содржат антиоксиданти на катехин кои ги намалуваат симптомите на настинка, го забрзуваат метаболизмот и штитат од карцином и срцеви заболувања.

Пробиотици – Бактериите од млечни производи се здрави, особено од јогурт или кефир.

Маркетинг

Најдобри сојузници на здравјето во овие моменти се зеленчукот и овошјето кои требаат што повеќе да се внесуваат. Во овие производи се наоѓаат многу витамини кои го засилуваат имунитетот и создаваат заштитна бариера помеѓу организмот и вирусот.

Темно чоколадо – Чистото какао содржи голема количина на антиоксиданти кои се наоѓаат и во повеќето плодови од шумското овошје, а одлични се во борбата на организмот против бактериите.

Лиснат зеленчук – спанаќ, кељ, блитва и рукула содржат повеќе витамин Ц од некои цитруси. Консумирајте ги овие зеленчуци со минимална термичка обработка.

А еве неколку намирници што треба да ги избегнувате:

Јајца

Оваа намирница во суштина служи како инкубатор за вируси, ги прави посилни и поагресивни во вашиот организам.

Дури и да користете јајца од селски кокошки тие сепак ќе претставуваат храна на патогените елементи. Вирусите се хранат со природни хормони кои постојат во јајцата, кои имаат улога на стероиди за вирусот.

На сличен начин и млечните производи ги хранат вирусите. Добро е да не јадете и производи од пченка.

Колачи

Претерано консумирање на рафиниран шеќер исто така претставува одлична подлога за развој на вируси

Имено, шеќерот ја намалува способноста на леукоцитите да уништуваат бактерии.

horoskopdiete2 cr

Неколку часа откако ќе земете колач, вашиот имунитет е ослабен.

И животинските протеини се лоши за организмот, но не во мерка како намирниците што ги наведовме претходно.

Се препорачува и намалена доза на месо.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button