Реклама
Вирално

Стана популарна преку ноќ – нејзиниот глас го слушнаа 24 милиони за еден ден: Еве како девојката од метрото ја засени Лејди Гага

Реклама

Британецот Кевин Фрешвотер шетал низ Лондон и запирал луѓе на улица, барајќи од нив да довршат стихови. Некои го одбиле, некои го пцуеле зошто немале време да се бават со „глупости“, а некои го прифатија неговиот предизвик и запеаја.

Потоа налета на Шарлот Обери (30), која веднаш стана сензација.

Ја отпеа песната “Shallow” која во филмот „Ѕвездата е родена“ ја изведуваат Лејди Гага (33) и Бредли Купер (45).

Маркетинг

Го остави авторот на снимката во шок зошто го погоди секој тон. Видеото во еден дена на Твитер беше прегледано 24 милиони пати.

Сепак, ова не е првпат да се слушне за Шарлот. Случајната минувачка всушност е пејачка и често на Инстаграм споделува видеа во кои пее познати хитови.

Маркетинг

„Гага мора да ја види оваа изведба и мораме да ја најдеме оваа жена зошто таа знае да пее“, пишуваше во коментарите на социјалните мрежи додека уште не се дозна за нејзиниот идентитет.

https://www.instagram.com/p/B0GLZN-Bh3R/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

 

Шарлота инаку пее по свадби, а пријателите се надеваат дека сега ќе стане славна, ќе добие и свои песни со кои сите ќе ги маѓепса.

„Треба да и се помогне да изгради кариера. Гледате колку брзо се прошири видеото, така би се проширила и нејзината песна. Чудо е,“ пишуваат тие.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button