Неодолив шик во режија на Тања Кокев
Модната креаторка Тања Кокев не ретко знае да објави фотографија со која ќе не остави без здив.
Така беше и овој пат кога објави фотографија на која позира со својот специфичен шарм и природен изглед облечена во преубав фустан со нејзин потпис.
Во прашање е женствен долг фустан со гoли раменици и деколте од милион долари, а во долниот дел украсен со цветен дезен во портокалови и розови нијанси, на кој едноставно не можете да останете рамнодушни.
Нејзините руси прамени совршено и стојат на голите раменици, а преубавиот фустан и необичниот цветен дезен на здолништето секако е нешто што ќе допринесе во едно вакво издание да бидете забележани.
Па, дали ви се допаѓа овој фустан на Кокев? Во продолжение погледнете уште неколку нејзини преубави креации…