Кога ни се случуваат лоши работи во животот и никако не ни тргнува на подобро, многумина од нас веруваат дека некој на нив фрлил клетва или урок. Тука се и многу „методи“ за отстранување на тие уроци и клетви, за кои многумина бараат бајачки на кои даваат еден куп пари.
Верниците знаат дека одењето кај гледачи е грев. Ако сте еден од нив, тогаш најдобро е да се помолите секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа.
„Господе Исусе Христе, сине Божји, помилуј ме грешног“ – се зборови на Исусовата молитва. Ова е најкратката молитва која постои, а монасите и свештените лица тврдат дека толку е моќна, што со искрена вера може да помести планини. Обратете му се искрено на Бог и тој сигурно ќе ве слушне. Ако се прашувате кога треба да се молите, не постои прецизно одредено време за тоа. Направете го тоа кога најмногу ви одговара, а особено кога ќе почувствувате дека ви е потребна молитва.