Вирално

Учителка реши да предава анатомија во костум на кој е нацртан секој дел од човечкото тело

Advertisement

 

Нејзините ученици ја обожаваат

Advertisement
Фото: Принтскрин

Оваа 43 годишна учителка е решена своите ученици од трето одделение да ги научи на анатомија. Таа се облече во облека на која е нацртан секој дел од човечкото тело и кога се појави во училиштето ги воодушеви сите.

„Предавам веќе 15 години. Ги подучувам децата за природата, науката, уметноста, а ги учам и англиски и шпански јазик“, раскажува Вероника Дукју за порталот „Боред Панда“. Таа реши на своите ученици од трето одделение да им ја направи малку поинтересна, па стана хит во целиот свет.

„Сурфав на интернет и еден ден најдов облека за пливање која го прикажува човечкото тело, мускулите и органите. Знам колку им е тешко на децата да сфатат ој орган каде е сместен во телото, па го нарачав и одлучив да пробам на овој начин“, прераскажува оваа генијална учителка.

Advertisement

Нејзиниот сопруг беше со неа на наставата и сé забележа со видеокамера и видеото го објави на социјалните мрежи. Вероника веднаш стана вирална, па сега ја нарекуваат симбол на креативноста и посветеноста. Но таа нема намера да застане тука. Има и други идеи што сака да ги реализира.

„Сакам да им помогнам полесно да ја совладаат и граматиката и историјата. Исто така сакам јавноста да престане да ги перципира учителите како мрзеливи државни службеници. Ние не сме тоа“, заклучи таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button