Денеска именден празнуваат: Спиридон, Спиро…
Спиридон е машко име што потекнува од грчкиот збор spyridon што значи нелегитимно, вомбрачно родено дете, во фигуративна смисла претставува оној кој се стреми кон нешто. Денес православните верници го прославуватт свети Спиридон Чудотворец, светец ги помагал сиромашните.
Спиридон во младоста се ожени и имаше деца. А кога од овој свет си замина жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Со Божјата сила покажа големи чуда: измоли дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку лица, го исцели царот Констанс од тешка болест…
Откако Го прослави Бога со многубројни чуда тој се успокои во Господа, во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.