Овој божиќен џемпер е посебен заради скриениот „џеб“ во кој можете да носите шише вино
Можеби звучи шашаво, но функционира!
Оваа необична мода со божиќните џемпери ни стигна од Америка, а што се однесува до нас, Македонците, на некои од нас им се допаѓа, додека други ја мразат.
Но без разлика дали ви се допаѓаат овие џемпери со новогодишни мотиви или ги мразите, сигурни сме дека некој од овие модели ќе ве освои.
Во прашање се модели што ги има на британската интернет страница „What That Trend“, а на кои натписите во главно се вртат околу алкохолот или пронаоѓање на момче – „All I Wnat This Christmas Is… A Boyfriend“.
Па мораме да ви признаеме иако и ние сметавме дека ваквите парчиња кои се гордеат што се „ugly“ и кои се претерано кич и откачени, со пренатрупан новогодишен фолклор на квадратен сантиметар дури и поголем од оној што го прават спомениците во Скопје, дека всушност ваквите џемпери се само за декорација на излозите, сепак откако ги видовме овие неколку модели како да се предомислуваме.
Имено можеме да кажеме дека се вљубивме во овој со скриен џеб во чизмата на Дедо Мраз во која може да ви собере шише вино или цела лименка пиво, а кога подобро ќе погледнеме не се лоши и останатите модели.
Па, дали би носеле нешто од ова во празничните денови што се пред нас? И кој ви се допадна најмногу?