Граѓаните на овој град ќе се радуваат на новогодишна елка со 3 милиони Сваровски кристали
Новогодишната еуфорија е во пол ек, а најскапите и најнеобичните елки веќе се на своите вообичаени места.
Оваа година големо внимание привлече елката која е поставена во центарот на Њујорк. Имено, пред Рокфелер центарот во овој американски град поставена е норвешка смрека висока 23.5 метри.
Интересно е тоа што ова дрво е купено како младо пред 60 години, а Керол Шулц го има засадено во својот двор. Елката е украсена со три милиони Сваровски кристали и посебно ги воодушеви жителите на Њујорк со својот сјај и цена.
На другиот крај на светот, во Вилнус, во главниот град на Литванија, на метална конструкција висока 50 метри поставена е елка од 27 метри. Осветлена е со сино-бели сијалички и потсетува на шаховска фигура.
А во главнит град на САД, Вашингтон, пред Капитол Хил елката стигна од Ново Мексико