Дениз Бајсал која публиката ја запозна со „Ќерките на Фазилет“ ги воодушеви сите со новиот имиџ.
„Потребна е мала промена“ напиша 28 годишната актерка под фотографијата која што ја сподели со своите 3.1 милиони фанови на оваа социјална мрежа.
Но покрај новата фризура се шушка дека пред актерката е уште еден поголем предизвик. Имено, турските таблоиди пишуваат дека убавата актерка е бремена и чека бебе со сопругот. Но таа досега ги нема коментирано овие гласини.
Таа во септември го кажа своето судбоносно ДА на својот долгогодишен партнер, музичарот и пејачот на бендот „Колпа“, 36 годишниот Барис Јуртк.
Тие се запознаа кога таа се појави во неговиот спот, а се свршија во 2018 година по две години врска.
Романтичната венчавка се случи на познатото турско летувалиште Чешме на Егејското море.
Еве како изгледа со својата нова фризура…