Парот кој направи свадба за која се уште се зборува реши парите што ги добија од гостите да ги потроши на мудар начин.
Имено, се појавија првите информации за медениот месец на кој планираат да заминат Вељко Ражнатовиќ и неговата бремена невеста Богдана, како и плановите за нивната иднина. Како што пренесуваат медиумите, според извори блиски до семејството, тие најпрво ќе живеат во вилата на Цеца, а потоа со парите од подароците ќе купат стан на некоја локација во Белград. Бидејќи сакаат да имаат големо семејство, кровот над главата им е еден од приоритетите во овој момент, а како што пренесе Информер, можеби ќе отпатуваат и до Дубаи бидејќи Богдана има голема желба да го посети ова место.
Да потсетиме, на свадбата на Вељко и Богдана имаше околу 500 гости, од кои како што пренесуваат некои медиуми, тие заработија преку 100.000 евра.