Реклама
Вирално

Колку е опасна операцијата со која Боки се преполови и ослабна преку 30 килограми

Реклама

Операција за која се повеќе се зборува во медиумите

Многу познати личности од светот и регионот имаат проблеми со вишок килограми, па откако нема да успеат со разно-разни диети и тренинзи ќе одлучат проблемот да го решат по хируршки пат. Па така една од најпопуларните методи во моментот е со поставување на силиконски прстен на желудникот со кој многу помалку се јаде, а за таква метода се погласно се шушка дека има направено и Бојан Јовановски во јавноста попознат како Боки 13.

Маркетинг

Имено, за него уште пред десетина години се шушкаше дека направил липосукција во приватна клиника во Белград.

Но тогаш, како што пренесуваа во тоа време медиумите, Боки направил липосукција само во пределот на лицето и вратот, и тоа непосредно пред својот концерт во Белград. Тогаш низ медиумите се шушкаше и дека отстранувањето на масните наслаги на овој дел од телото се само почеток за познатиот шоумен, и дека наскоро планира да направи интервенција и во пределот на торзото, и да ослабне некои 35 килограми по што би изгледал како топ модел.

Маркетинг

Боки и тогаш, како и сега, не сакаше да зборува на оваа тема, но тогаш најави дека наскоро ќе видиме сé. Неколку години подоцна, тој навистина направи неверојатна трансформација, а познато е само дека истата ја направил во клиника во Лондон. И пред да се случи случајот „Рекет“ не беше познато дали е во прашање липосукција или некоја ригорозна диета, но она што беше сигурно тоа е дека Боки сега изгледа потполно непрепознатливо и веќе неколку години успешно се справува со вишокот килограми. Се додека не се најде во притворот, кога и започнаа неговите проблеми.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Имено, македонските медиуми уште пред неколку месеци објавија дека Боки има поставено „gasric banding“ на желудникот, односно поставување на силиконски прстен на самиот влез на желудникот. И ако порано се претпоставуваше дека ваквите операции Боки ги правел во странство, сега произлезе дека истата ја направил во една од клиниките во Македонија, која пак реши да го тужи бидејќи не го платил долгот што го имал кон неа по операцијата.

Цената за овој хируршки зафат кој во последно време е се популарен и кај нас, се движи од седум до десет илјади евра, во зависност од болницата и искуството на докторот, а може да се изведе и на неколку клиники во Македонија.

Интересно е и тоа што неодамна се шушкаше дека и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева направила ваква операција, и тоа кај истиот хирург кај кого се оперирал и Боки. Но оваа информација беше демантирана, а демантот беше објавен на неколку портали.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Општи информации

Целосното закрепнување по операцијата трае неколку недели, а ако пациентите се придржуваат до советите на докторите, првите резултати ќе бидат забележани за само неколку дена по зафатот. Првите четири недели се јадат само течни намирници, како што се супи, чај, негазирани и пијалаци без шеќер.

Потоа се преминува на кашеста храна и полека се враќа на редовната исхрана, само што се јаде многу помалку.

Боки пред операциите (Принтскрин)

Силиконскиот прстен се поставува околу горниот дел од желудникот и едноставно му овозможува на пациентот да јаде многу помалку од претходно. Операцијата се заснова на тоа што со собирањето на горниот дел од желудникот се создава мал горен џеб, каде храната застанува, па се создава чувство на ситост и пациентот со време се учи на помали порции. Прстенот е направен од силикон и не му пречи на организмот, велат докторите.

И откако еднаш ќе се постави, прстенот може да се стегне или опушти, што зависи од количината на храната што сакаме да ја ограничиме при внесување во организмот.

Колку е опасна оваа операција?

Поради проблемите со дебелината на популацијата, во некои земји оваа операција е потполно бесплатна. Па така во Британија на пример, бидејќи цената за успешното изведување на истата е мошне висока, Британската национална здравствена служба мора да го ограничи бројот на операциите што значи ако не сте доволно дебели, ќе мора да платите за операцијата.

Од друга страна бидејќи многу здравствени проблеми се појавуваат токму поради дебелината, многу доктори ја препорачуваат оваа операција. Истата е препорачлива за оние кои имаат индекс на телесна маса поголем од 40 кг/м2, кога дебелината е проследена и со дијабетес, пореметено дишење во сонот (sleep apnea синдром), тешки оболувања на зглобовите, тешки психолошки проблеми, како и на лицата кои по успешно намалување на телесната тежина со диета, повторно ги вратиле изгубените килограми.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Со самото слабеење најчесто доаѓа и до значително подобрување на состојбата на придружните болести. Па така кај лицата кои боледуваат од инсулин на независен тип на шеќерна болест (dijabetes melitus), операцијата придонесува да дојде до подобрување на регулацијата на шеќерот во крвта.

Како и кај секоја друга операција, така и кај оваа постои ризик да настанат компликации. Па така тоа најчесто се инфекција, крварење или формирање на крвни згрутчувања во длабоките вени на нозете и последични градни емболии. Исто така постои ризик од настанување на камен во жолчното ќесе или настанување на анемија или остеопороза. Постои и ризик од опструкција (блокирање) на минувањето на храната, што може да донесе до болки во стомакот, мачнина или повраќање, потоа пад на прстенот, инфекции, враќање на киселината од желудникот во хранопроводот, како и ширење на хранопроводот доколку се внесуваат поголеми количини на храна од оние кои се дозволени.

Според податоците cмpтнoстa кај ваквите операции се движи околу два отсто кај младите лица, додека кај постарите се искачува на 11. Компликациите по таквите зафати се значително почести и според светските податоци изнесуваат од 11 до 15 отсто.

Па, дали би се одлучиле за една ваква операција?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button