За оваа жена се напишани најубавите љубовни песни – сопругата на Балашевиќ отвори Инстаграм и го „сруши интернетот“
Оливера отвори Инстаграм и со сруши интернетот.
Оливера Балашевиќ својата прва фотографија ја објави пред една недела, а веќе има преку 2000 следбеници и по стотина лајкови на своите слики.
Првата фотографија што ја објави на својот налог ја опиша со коментарот „Слетав на планетата интернет хелоу!“
Оливера потоа објави неколку фотографии со кои се потсети на своето детство, а следбениците ја почестија со бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед. Таа досега под широк агол ги избегнуваше медиумите како и социјалните мрежи, па секое нејзино појавување во јавност беше проследено со внимание од страна на публиката.
Така беше и кога пред неколку месеци се појави на една ревија како модел во тесен црн фустан и изгледаше како вистинска манекенка.
Таа наскоро ќе наполни 61 година и има родено три деца, но од фотографиите можеме да видиме дека се уште изгледа одлично.