Реклама
MAMAКафе муабет

За пусти пари: Децата ни бегаат од прегратки, немаме можност да уживаме во нашата љубов

Реклама

Се’ почесто слушаме примери за луѓе кои веќе го купиле својот авионски билет. За во туѓина. Заминуваат да печалат, да заработат малку повеќе за да може да поуживаат во животот…

ФОТО: videezy.com

Тука веќе доаѓаме до некои мали лаги, за кои во првите мигови на заминувањето на нашите деца и не сме ни свесни. Децата заминуваат, со надеж за подобро утре, со желби за поголеми достигнувања. Но, какво е тоа уживање далеку од саканите? Далеку од родниот дом, далеку од сета љубов?

Деновите минуваат, доаѓаат радосни мигови, неповторливи животни моменти, а саканите не се со нас. Тие се некаде далеку и деноноќно работат, мислејќи дека со парите кои ќе ни ги донесат ќе не’ направат среќни. Работат макотрпно за ние да не страдаме, а не забележуваат дека најголемото страдање е нивното отстуство.

Маркетинг

Во секој радосен миг се чувствува некоја празнина. Парите носат огромни веселби, но не чиста среќа. Парите носат скапи подароци, но не и топла прегратка тогаш кога е најпотребна. Парите овозможуваат многу материјални нешта, но не заменуваат ниту еден поглед, ниту еден допир.

Децата ни заминуваат, а ние продолжуваме да зјапаме во празнината која ја оставаат. Им мавтаме со вештачки насмевки, а во себе срцето ни се кине. Ги испраќаме со благослов, а во себе се проколнуваме себеси што дозволивме уште еден дел од нашето срце да заскита по светот…

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button