Во прашање е спот на една од најпознатите македонски балади
Во прашање е спот за незаборавниот македонски хит Чија си. Музиката за оваа генијална песна е „компонирана во текот на 1969 година во Битола, а текстот и аранжманот на музиката се создадени во Скопје во 1971“ изјави во една пригода Славе Димитров. Песната имаше две верзии, првата во интерпретација на Славе, а втората на Крунослав Киќо Слабинац.
Нејзината прва изведба на Скопскиот фестивал во 1971 година во интерпретација на Славе Димитров е наградена, но не од стручното жири, туку од страна на публиката. Жирито покажало музички далтонизам. Оттогаш „Чија си” станува хит. Се исполнува и во други аранжмани, но праизведбата си останува најверна и на формата и на содржината.