„Оваа личност навистина ми се допаѓа, има прекрасн карактер и јас се чувствувам убаво и интересно кога сум околу неа.“
Кога се посветуваме на некого (особено во заедницата – брак), нашата обврска мора да се одржи силна, без оглед на променливите околности во животот. Дури и кога немаме сила да продолжиме да љубиме, Божјата милост тоа го прави возможно. Не постои вистинска љубов без вистинска посветеност.
Бог нè љуби дури и кога ние сме најлоши, и нè повикува да се сакаме едни со други со истиот вид на бескрајна посветеност. Кога пружаме вистинска љубов, тоа ќе го изнесе најдоброто во нас и најдоброто во оние кои ги љубиме. Љубовта ги води нашите мотиви, зборови и дела во поживотворен начин.
Љубезноста, сочувството и заштитата на љубовта имаат исцелителна моќ дури и во најжестоките животни околности. Вистинската љубов брза во болката кога сите други бегаат. Кога сакате некого, бидете оние кои ги лечат нивните рани, не оној кој ги предизвикува. Бидете оној кој ги брише солзите, не оној кој ги предизвикува.