Реклама
MAMAБебиња

Сине, ти нема да се сеќаваш – трогателно писмо од една мајка што ќе ве допре во срцето

Реклама

Џесика Димас напиша едно трогателно писмо до нејзиниот син, од кое на секоја мајка ќе ѝ се насолзат очите.

„Драг сине, нема да се сеќаваш на онаа ноќ кога лежев сама во болницата, во најстрашните и истовремено најубавите болки, кога гледав во месечината и тивко ти шепотев на тебе, но и себеси: ‘Можеме да го направиме ова!’ Ти нема да се сеќаваш како ме погледна само неколку секунди откако дојде на овој свет, како ни на моментот додека те припивав кон своите гради и на уво ти шепнав „Еј злато“.

Маркетинг

Нема да се сеќаваш како секогаш те гледав со гордост, каде и да одиме. Секогаш беше најубавото момче во просторијата. Секогаш и секаде.

Нема да се сеќаваш како твоите глупости секогаш ме засмеваа, но уште додека беше бебе сфатив дека имаш прекрасно срце.

Маркетинг

Нема да се сеќаваш на сите оние ноќи кога одев на спиење во страв. Страв од мајчинството. Дали сум доволно добра? Дали веќе имам оплескано безброј пати? Можам ли воопшто да бидам мајка каква што заслужуваш?

Нема да се сеќаваш како моето срце секогаш се распаѓаше и составуваше со секоја твоја важна пресвртница во развојот. Гледајќи како песокот тече низ песочниот часовник, бев среќна кога видов дека растеш и се развиваш.

Нема да се сеќаваш како ги држев твоите мали стапалца во раце и замислував дека еден ден ќе пораснат и ќе станат поголеми од моите и дека ќе морам да ги пуштам да одат.

Ти нема да се сеќаваш, но јас да. Ќе ги чувам тие спомени во срцето доволно силно за обајцата!“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button