Реклама
MAMAКафе муабет

Едуардо Галеано: „Живееме во свет каде што погребите се поважни од покојникот, каде што свадбите се поважни од љубовта“

Реклама

Уругвајскиот новинар и писател Едуардо Галеано одлично го опишал денешниот свет.

Зависни сме од купување. Нè храни материјализмот, таа желба да се има, да се купува, да се трупа. Понов модел, побрзо, поскапо.

Троши, троши и повеќе отколку што имаш. Создавај поубава слика, за себеси, за најблиските, за работата и животот, дури и доколку сè е една голема лага.

Маркетинг

Сите ли држави се како нашава? Остана ли точка на планетава која не е затруена со консумеризам, плиткост, површност?

Погребите се поважни од покојникот. Во очаен обид да оставиме добра слика пред останатите, ќе си ги запреме и солзите, ќе си ги задушиме и емоциите. Побитно е каков ручек ќе се послужи, какво цвеќе ќе се постави.

Маркетинг

Достоинственото збогување со покојниот стана мисловна именка и нешто толку тажно како погребот се претвори во арена за натпревар и покажување.

Да не зборуваме за свадбите. Сè е поважно од разбирање, довербата и компромисот. Нив ги заменија скапите фризури, шминката, китенките, свадбената торта, предјадењето и машничките на поканите. Небаре тие се неопходни за добар и успешен брак.

Свадбата како настан е поважна од љубовта. Љубов може и да нема – свадба мора да има!

Сите за заинтересирани само за амбалажата, за надворешноста. Не е битна практичноста, функционалноста, квалитетот. Битна е формата, бојата, големината, дали имало светки или седефест сјај.

Кај се шишаш? Кој те фарба? Каде ги купи чевливе? А ташната? Леле, капутов ти е лудило! Го виде часовникот на колегата, вреди колку 5 твои плати!

Истите муабети, секогаш и секаде. Напорно ми е. Здодевно ми е. Прашај ме како сум. Дали сум среќна, што ме мачи. И јас ќе го направам истото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button