Едно дете од Мичиген го побара својот татко за да му постави едно многу важно прашање: „Како да го вклучи детскиот канал на телевизорот?” Па така оваа снимка стана хит на социјалните мрежи.
Видеото го прикажува момчето на тремот кој зборува со тато со помош на апликацијата „Ring“, која им овозможува на сопствениците на куќите да видат кој ѕвони па така да зборуваат со нив.
Таткото, кој во тоа време бил на работа, го праша синот каде е мајка му, и тој му посочи дека е во куќата преку улицата. „Сакав да си одам дома и таа ми рече да дојдам и да си го пуштам на телевизорот детскиот канал “, вели момчето.
Таткото почна да се смее и му објасни дека прво треба да го вклучи телевизорот, па пота да стисне на бројот 25, но потоа се појави нов проблем. „Не знам како изгледа бројот 25”, му одговори момчето. Таткото почна да се смее, додека неговиот син испраќаше бакнежи кон камерата.
„Земете го далечинскиот управувач и стисни прво 2 па 5 “, му рече на својот син, а тој уште еднаш ја бакна камерата пред да замине. Видеото стана вирално, и многумина го нарекоа премногу слатко и неодоливо.
https://www.facebook.com/LADbible/videos/363733387567601/