Колумбиската пејачка Шакира (42) и шпанскиот фудбалер Жерар Пике (32) и двајцата го прославија роденденот на 2 февруари.
Иако и овој пат тие со ништо посебно не се пофалија на нивните профили на социјалните мрежи, каде што милиони луѓе ги следат, нивните најверни фанови сепак им ги честитаа родендените.
„Среќен роденден, легендо. Помини си убаво денес, уживај колку што можеш“ – напишаа пријателите под последниот пост на Шакира на Инстаграм, и со тоа дадоа до знаење дека не заборавиле за нејзиниот роденден.
Познатиот пар се запозна во Мадрид во 2010 година, на снимањето на „Waka, Waka” пред самиот почетокот на Светското фудбалско првенство. Тие веднаш се вљубија еден во друг, а наскоро ја почнаа и нивната романса. Иако не се меѓу познатите личности кои често својата врска ја пласираат во медиумите, Пике секогаш се радува кога медиумите ќе го прашат за Шакира.
„Таа навистина е жената на мојот живот. Тоа го знаев веднаш штом првпат ја видов, веднаш знаев дека Шакира е онаа вистинската за мене“ – често истакнува поранешниот шпански репрезентативец.
Од самиот почеток на нивната романса, во медиумите често се шушкаше дека врската меѓу пејачката и фудбалерот е во криза. Тие постојано упорно ги демантираа овие гласини. Шпанскиот „Котилео“ пред две години тврдеше дека Шакира сериозно планира да го напушти Пике, наводно поради неговата зависност од коцкање.
Una pequeña pausa en mi día para cantar una canción de amor! / A little pause in my day to sing a love song! Shak pic.twitter.com/7PDQiuRBYx
— Shakira (@shakira) October 6, 2017
Неколку дена откако се појавија гласините за крајот на нивната врска, на социјалните мрежи блесна видео на кое парот се покажа во потполно поинакво светло. На видеото се гледа Шакира како свири на гитара и пее, додека шпанскиот фудбалер и испраќа бакнежи.
Тоа за обожаватели беше сосема доволен знак дека нивниот однос функционира одлично.
https://www.instagram.com/p/Br6KhvYH0z1/
Пејачот и фудбалер заедно имаат двајца синови, постариот син Милан (6) и помладиот Саша (4).