Сандалите не се резервирани само за топлото време
Многу љубителки на модата во последните неколку години не сакаат да се откажат од своите омилени летни сандали, па и преку зима ги „фураат“ во поприлично интересни изданија. Но ако не сте сигурни како можете да ги вклопите во вашите зимски комбинации, и како да го избегнете смрзнувањето на стапалата, еве неколку шик предлози.
https://www.instagram.com/p/Bq2Mwo0gUbv/?utm_source=ig_embed
Во прашање се инспирации што ги најдовме на Инстаграм и кои треба да ни покажат како да носиме летни сандали во студени зимски денови и да изгледаме шик
Во комбинација со волнени чорапи
Оваа „необична“, но тренди комбинација во минатото беше забранета, но во последно време доби зелено светло од модните гуруа и денес изгледа потполно шик.
Хулахопки
Хулахопките се дезени се ИН во последните неколку години и најдобро стојат токму со вакви сандали.
https://www.instagram.com/p/BrNp4LbALih/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BsXwWs9FdzT/?utm_source=ig_embed
Боси
За некој настан или свадба што ќе се случува на затворен простор можете да ги носите и на боса нога, исто онака како што ги носевте и преку лето.
На овој начин ги носат и бројни познати дами, вклучувајќи ја и новопечената војвотка од Сасекс, Меган Маркл.