LIFESTYLEКултура[тор]

Фестивал на чајот и читањето во „Феникс“

Advertisement

Традиционалната манифестација „Фестивал на чајот и читањето“ ќе започне на 15 јануари и ќе трае до 15 февруари.

Годинава нејзини организатори се: издавачката куќа „Феникс“, фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – ИНАКУ и здружението „Интеракција плус“.

Advertisement

Според најавената програма, во рамките на фестивалот ќе се одржат промоции на книгите „Детскиот тематски свет на Ацо Караманов“ од Мито Спасевски и „Вработувањето на лицата со посебни потреби во Република Македонија“ од Ана Петреска.

Ќе биде реализирана анкета на тема „Што читаат средношколците“, како и промотивна работилница по повод изданието „Чекор по чекор до правилен говор“.

Со самостојна ликовна изложба под заеднички наслов „Корени“ ќе се претстави писателот Христо Петрески.

Advertisement

На фестивалот ќе се одржи чајна церемонија, со дегустација на чаеви и промоција на „Книга за чајот“ од Какузо Окакура.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button