Овој рецет е едноставен, но вкусен, а можете да го комбинирате со многу видови сосови и зачини.
Шпанската тортиља е јадење кое се служи во сите шпански барови, со пијалак, а исто така може да се консумира и како предјадење.
Потребни состојки:
- 300 грама компир
- 1 главица црвен кромид
- Маслиново масло
- 5 големи јајца
Начин на подготовка: Излупете го компирот и исечете го на тенки парчиња. Исчистете го кромидот. Две мали лажици маслиново масло ставете ги во еден сад и почекајте да с загрее, па потоа додајте го прво кромидот, па компирите. Намалете ја температурата и мешајте 25-30 минути, додека кромидот не добе златна боја и додека компирот не омекне добро. Обидете се да не мешате предолго за да не се распадне кромидот.
Потоа ставете ги јајцата во еден сад, додајте сол и бибер и потоа промешајте. Кога ќе се сварат кромидот и компирите, тргнете ги од оган, потоа додајте ги јајцата, па продолжете да варете на тивок оган уште 20 минути. Лесно свртете ја тортиљата со користење на чинија, така што другата страна еднакво да се испече. Кога и двете страни ќе добијат еднаква златно жолта боја, тргнете ја од оган. Почекајте да се олади, па исечете ја на шест еднакви делови и послужете.