Ако се трудите да ги задоволите другите и да ги направите среќни, тогаш ќе заборавите на себе, а тоа е сигурен пат до несреќата.
Добро е да бидете емпатични и да им помагате на другите, но не треба притоа да заборавите на себе и на своите потреби. Зар навистина мислите дека сето она што им го давате на другите истото би го направиле и тие за вас? Сигурно не! Секако дека постојат исклучоци, па затоа треба добро да ги отворите своите очи и да ја согледате ситуацијата. Не дозволувајте вашиот живот, вашите избори и вашите приоритети да бидат раководени од другите.
Бидете мудро-себични. Не трудете се да ги задоволите сите, а потоа да добиете само свртување на нивниот грб. Прво и најважно што треба да сфатите е дека мора да ги исполните своите потреби, зашто пред да им понудите нешто на другите, треба да си понудите себеси.