Не сум на овој свет за да ги исполнувам туѓтите очекувања и секогаш да бидам одлично расположена и насмеана, зашто имам периоди кога не сум таква, а морам да глумам.
Не сум на тука за да молчам за насилството и неправдата. Зашто ако го направам тоа, исто како да учествувам во нив и како да ги поддржувам. Не сакам да ги пропуштам шансите кои ми се дадени. Кога ќе ги искористам, ако не сега? Не сум тука постојано да им се насмевнувам на луѓето, да им попуштам и да ги задоволувам. Мојата мисија на овој свет не е да го продадам својот морал, ниту пак да се убијам од работа само за другите да ми се восхитуваат. Не сакам постојано да бидам тип-топ средена убавица, зашто знам дека оној кој треба да ме сака, мора да умее да ја согледа мојата внатрешност.
Не сакам да играм игри, да манипулирам со цел да извлечам нешто за себе. Не ги молам мажите – ако ме сакаат, тогаш во ред, ако не ме сакаат, има некој друг кој ќе го направи тоа. Во мојата природа не е да љубоморам и да бидам љубопитна за сето она што се случува во околината. Сакам да го живеам својот живот, зашто туѓиот не ме интересира. Имам со кого, знам како!