Рузмаринот е лековита зачинска билка. Расте во облик на грмушка и може да нарасне до три метра во висина. Има тесни листови кои даваат пријатен мирис и е одличен како зачин. Неговата лековитост е позаната уште од одамна, посебно во медитеранските области.
Помага при проблеми со варењето
Чајот од рузмарин се користи при проблеми со варењето (подуеност, побавно варење), ревматски тегоби, проблеми со жолчката. Тој го поттикнува излачувањето на урина и добро делува на црниот дроб. Ефикасен е и против бактерии и габи.
За подобра концентрација
Маслото од рузмарин служи за поттикнување на циркулацијата, го „подигнува“ притисокот и овозможува подобра концентрација и памтење. Посебно е ефикасен кога станува збор за подобрување на функцијата на црниот дроб, што придонесува до подобра состојба на целиот организам.