Најдобрите есенски модели од познатиот полски бренд што растура на светската модна сцена
Најдоброто од новата есенска колекција на Reserved
Светски познатиот бренд „Reserved“ оваа есен ја повикува ретро атмосферата инспирирани се од стилските икони од 70-тите. Покрај незаборавните кроеви по кои ја памтиме Џејн Фонда во американскиот култен филм „Klute“, нагласени се едноставните линии на типичниот кежуал стил кој одлично изгледа како во дневни, така и во вечерни изданија.
Главната улога во женската колекција оваа есен ја имаат фустаните кои ќе ги гледаме во сите есенски нијанси и ретро кроеви додека второто ИТ парче без сомнение е капутот. Љубителките на класичниот стил ќе се пронајдат во неодоливите карирани модели, а оние малку посмелите модни авантуристки оваа есен и зима ќе се шетаат во вештачко крзно, тексас фустани и преубави јакни со пердуви украсени со интересни животински дезени.
Машката колекција пак, најдобро можеме да ја опишеме преку Џек Николсон од раните 70-ти. Колекцијата потполно го апсорбирала ретро стилот составен од неколку базични парчиња – јакна, капут, блуски со ролка јака и тренди модели на панталони и фармерки.