Нашите претставници и официјално се прогласени за најлошо облечени на Евровизија
И ние освоивме награда!
Нашите претставници „Ај кју“ можеби не стигнаа до финалето на Евровизија, но затоа ја освоија титулата за најлошо облечени натпреварувачи. Имено, во прашање е модната награда „Barbara Dex Award 2018“ за која се натпреваруваа 43 артисти од лисабонската сцена, а се доделува според гласање од страна на гледачите преку Songfestival.be.
Самата награда се доделува од 1999 година, а името го носи по белгиската претставничка Барбара Декс која во 1993 година сама ја дизајнираше облеката што ја носеше со која предизвика смеа во публиката. Што се однесува до нашите претставници тие беа облечени од дизајнертот Алек Бимбилоски, попознат под името на модниот бренд „Румор“, а главна причина со која ја освоија наградата беше комбинацијата што ја носеше пејачката на Ај Кју, Марија Ивановска.
Имено, Марија настапи со необично розово сако кое го носеше свртено наопаку, а под кое за целото време се гледаа нејзините кратки, сиви шорцеви. Таа во еден момент ја соблече розовата креација и остана само со сива блуза зачинета со плетени детали и шорц, додека целото издание го заокружи со шарени високи потпетици кои воопшто не одговараа со сивата и розовата боја во горниот дел од комбинацијата.
Еве што изјави Алек во врска со комбинацијата поради која нашите претставници ја освоија оваа награда:
„Според мене Македонија никогаш помодерно не изгледала и поубаво не звучела. Queen Marija имаш ангелски глас…песнава е за вас… а до сите хејтери од вид :си пуштам сама себе слики “Happy Birthday to me” на FB, не бевте ниту пак ке бидете на ваков настан да видите шо се случвит…така да…“