Дали вежбаат плус-сајз моделите?
И врапчињата на гранките знаат дека ангелите на Викторија се убиваат од вежбање преку цела година, но што е со плус-сајз моделите? Дали и тие вежбаат и како изгледа еден нивен тренинг? Ова прашање е сосема логично да си го поставиме особено денес, во ерата на социјалните мрежи, кога се промовира убавина во големини. Метаболизмот, занимавање со спортот, физичката активност воопшто и сите останати ситници и те како влијаат на здравјето, но и на нашето тело, па затоа не треба да заборавиме дека за изглед се трудиме сите, па дури и оние плус-сајз модели чии облини во последно време се почесто се појавуваат пред нашите носеви.
Тоа деновиве ни го покажа и една од најпознатите модели со бујни облини, Ешли Грејем која сподели видео што ја открива нејзината рутина за вежбање. Но тоа го први на една поприлично чудна справа. Имено, таа целото време клечи на една лента која што ротира и притоа се поти, а она што го напиша дополнително ги збуни сите.
https://www.instagram.com/p/BiVXURrn48d/?utm_source=ig_embed
„Не сум сигурна како се вика оваа справа, но поштено се испотив!“ напиша таа под видеото додека и нејзините пријатели беа изненадени од справата и зачудено се прашуваа: „Што е тоа по ѓаволите?!“