Патиките што беа хит во 90-тите повторно се во мода
Станува збор за гломазни патики со дебел ѓон какви своевремено носеа девојките од „Spice Girls“. Тие се мошне удобни за носење и можете да ги носите во најразлични варијанти, од кежуал до они за вечерни пригоди.
https://www.instagram.com/p/Bg1USDqFpKt/?utm_source=ig_embed
Познатите модни брендови во своите нови пролетни колекции веќе имаат одлични свои варијанти, а се почесто ги гледаме и на Инстаграм каде на големо ги рекламираат познатите модни блогерки и модели.
https://www.instagram.com/p/Bf1GZFhFhtl/?utm_source=ig_embed
Што се однесува до нас, ваквите „џамбо“ патики би ги носеле со скинати „boyfriend“ патики, но и со цветни фустани, па дури и со класични панталони или карирано сако кое исто така е голем хит оваа сезона.
Покрај овој модел на голема врата се враќаат и патиките со дезени од кои најпопуларни се оние кои изгледаат како графити или со најразлични слогани и пароли, а неколку модели погледнете во продолжение.