Хороскоп од 01.04 – 08.04.2018 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Во почетокот на оваа недела ве очекуваат некои тајни преговори, особено поврзани со некој ангажман со Вага или Водолија. Доколку се двоумите, треба да послушате совет од еден Близнак. Втората половина од оваа недела ќе воспоставите нови контакти со соработници од странство.
Љубов
Можно е познанство со некој огнен знак, или Лав или Овен. Втората половина од оваа недела може да имате средба со некоја интересна личност. Еден Стрелец мисли на вас.
Здравје
Ќе бидете подложни на повреди.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Во текот на оваа недела би требало да избегнувате склокупување договори. Финансиската ситуација ќе ви тргне кон подобро, а може да воспоставите и нови партнерства. Послушајте совет од еден Рак.
Љубов
Во почетокот на овој период, избегнувајте конфликти со вашиот партнер, особено ако станува збор за некоја Скорпија. Околу 7-ми април очекувајте средба со странец или некој чија работа подразбира чести патувања. Некои претставници на овој знак може да влезат во врска со некоја зафатена личност.
Здравје
Чувствително грло и крајници.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Избегнувајте ризични финансиски трансакции. Кон средината на овој период може да добиете понуда за работа за која размислувате веќе долго време. Послушајте совет од еден Стрелец.
Љубов
Уште во почетокот на оваа недела ви се најавуваат нови средби и познанства со помлади личности. Во втората половина на неделата може да се потсетите на минатото и да стапите во контакт со некоја личност со која претходно сте биле многу блиски.
Здравје
Поминувајте повеќе време во природа.
Премини на следната страна >>