Најпопуларни здолништа за оваа сезона
Покрај карираните капути и сакоа според она што можевме да го видиме од понудата на познатите брендови оваа пролет голем хит се и здолништата со овој дезен. Тие важат за еден од најпопуларните модели кои можете да ги видите и во комбинациите на познатите трендсетерки, но и од модните случувања во светските модни метрополи каде на улиците ги „фураа“ голем број познати ИТ девојки. Можете да ги носите со шарени пуловери, кратки топови и предимензионирани јакни или едноставно во комбинација со црна ролка и сако која можете да ја носите и на факс или работа.
Ако ви е потребна инспирација погледнете како го прават тоа овие девојки, а потоа погледнете и неколку шик модели што ги избравме специјално за вас.
https://www.instagram.com/p/Bb3uR-BnHER/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bfbjl4XjtgO/?utm_source=ig_embed