Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, затоа што тој ни ја дава потребната енергија за претстојниот ден. Затоа, многу е важно да изберете добри намирници, а за да ви помогнеме во вашата одлука, ви прикажуваме неколку видови појадоци кои би требало да ги избегнувате.
Природни сокови
Без разлика дали се направени дома, или купени од продавница, соковите може да имаат вредни состојки, но содржат и многу калории без хранливи влакна, протеини и здрави масти, кои ви требаат за да се чувствувате сити.
Смути кој содржи само овошје
Овошјето е здраво, но доколку не му додадете јогурт, соино млеко или слично, тогаш брзо ќе почувствувате глад.
Мафини купени од продавница
Мафините од профавниците се преполни со брашно и шеќери, па затоа би требало да ги избегнувате. Препорачливо е наместо да купите, да си направите самите дома, користејќи кокосово масло и брашно од цели зрна.
Сендвичи
Тие содржат премногу калории, а притоа не ги нудат потребните протеини и хранливи влакна кои ви се потребни за енергија, па ви даваат ситост која брзо ќе ви помине и повторно ќе се чувствувате гладни.