Реклама
Стил

Викторија ни одржа лекција како да носиме плисирано здолниште

Реклама

Ново шик издание на Викторија Бекам

Познатата британска дизајнерка Викторија Бекам која изгради импресивно модно царство неодамна ги воодушеви своите обожаватели со потврдата дека ќе учествува во повторното собирање на Спајс Грлс. Поранешната „спајсица“ денес е успешна дизајнерка и модна икона, а деновиве престојува во Њујорк каде што се појави во издание создадено од парчиња кои и се омилени веќе со години. Овој пат во фокусот ни е нејзиното долго, плисирано здолниште кое беше во тренд пред неколку сезони. И ако земеме во предвид дека Викторија е една од оние дами коишто ги диктираат трендовите, оправдано е да очекуваме дека и оваа пролет овие здолништа повторно ќе бидат меѓу најпопуларните.

Маркетинг

Вики ова класично парче го носеше со кафеав џемпер и чизми со високи потпетици, додека целото издание го заокружи со темни очила за сонце и чанта во бордо нијанса.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button