Фризури кои создаваат волумен во тенката коса
И покрај едноставниот изглед тенката коса во некои ситуации може да биде и мошне напорна, а тоа најдобро го знаат оние што имаат таква коса. Но ако правилно ја негувате, тенката коса може да ви биде и најблагодарна, многу повеќе од било кој друг тип на коса. Кога е секојдневната нега во прашање таа е едноставна за одржување, а воедно може да биде едноставна и за стилизирање. Секако, тешко дека ќе добиете волумен како што имаат оние со виткана или густа коса, но и тенката коса НЕ мора да изгледа безживотно и безлично.
Тајната на прекрасната фризура за оние кои имаат ваква коса се крие во ножичките, односно во добрите резови. Имено, со нив можете да направите и волумен и прозрачност, да изгледа опуштено и лежерно, а тоа ќе го постигнете само ако косата е обликувана на добар начин.
Шишки
Па, од класичната боб фризура до долгата коса, од прецизните, рамни прамени до разиграните слоеви, во продолжение погледнете неколку едноставни, но феномелани фризури кои можат да стојат шик и убаво на секој што има тенка коса.
Blunt bob
Едноставни слоеви
Кои се совршени за долга, волуменизирана коса …
Shaggy Cut Lob
Патец на страна