Промените на температурата оставаат трага и на здравјето, особено на личностите со послаб имунитет.
Промените на температурата оставаат трага и на здравјето, особено на личностите со послаб имунитет.
За побрзо и на природен начин да го направите вашето тело отпорно на вируси и бактерии, ви прикажуваме рецепт за супа која е ваш пријател во борбата против зимските болести.
– 3 литри вода
– 2-3 парчиња лук
– 1-2 лажици ѓумбир
– 1 лажица црн бибер
– 2 моркови
– неколку листови целери
– 1 голема гранка рузмарин
– 1 лажица темјан
– 1 лажица жалфија
– сок од половина лимон
Начин на подготовка:
Сите состојки (освен лимоновиот сок) ставете ги во голем сад со цврст капак. Дозволете да вари, па кога ќе зоврие намалете ја температурата и оставете полека да вари околу еден час. Процедете ја течноста во друго тенџере. Испасирајте го зеленчукот и веќе имате супа која е превенција од настинки, вируси и грип.