Оваа сезона мора да си поиграме со боите!
Време е за капути! И тоа не за било кои туку за оние во весели, впечатливи бои. Што се однесува до кроевите и моделите во мода се капути со машки крој но и таканаречените „ teddy bear“ капути кои ќе ве загреат уште при самиот допир (види тука). Се носат и карирани, но ние ви предлагаме да изберете модел во црвена, жолта или во боја на вино. Нема да погрешите и со капут во зелена или сина боја, а мошне популарни се и оние во класични беж нијанси.
Еве каде во Скопје ќе ги најдете најдобрите „teddy bear“ капути кои се хит на Инстаграм >>
Па која е вашата омилена боја за оваа сезона?
Отворете ја галеријата што следува и погледнете ги најубавите капути во впечатливи бои од неколку познати брендови во Македонија …
види повеќе » |