Северина повторно ги руши правилата
Познатата пејачка го одбележа крајот на септември со уште една фантастична комбинација. Откако пред неколку дена ни покажа како да носиме чизми зачинети со нитни, сега отиде и еден чекор понатаму. Имено, во новата комбинација која што ни ја испрати од Словенија сите погледи повторно беа вперени во нејзините луди чизмички.
Овој пат станува збор за чизми во силна розова боја кои Севе ги комбинираше со винтиџ фармерки со висок струк и бела маица со логото на Левис која исто така е вистински хит во последниве неколку месеци, а целата комбинација ја заокружи со неодолив кариран капут кој исто така е еден од водечките маст-хев трендови за оваа зима.
Инаку, овој тренд веќе ги преплави продавниците, па ако се уште немате пронајдено парче зачинето со кариран дезен, отворете ја нашата галерија (види тука) и погледнете ги најубавите модели за оваа сезона.
Па, дали ви се допаѓа Севе во ова издание?