Реклама
Нега и здравје

9 бисквити дневно може да ви помогнат во борбата со дебелеењето

Реклама

Во целиот западен свет три од десет деца на возраст од 2 до 15 години имаат прекумерна тежина. Многу од нив се во сериозна опасност од развивање на срцеви заболувања. Здравите бисквити и зеленчукот и овошјето може да ги заменат нездравите оброци.

biskviti

Маркетинг

Британските доктори апелираат до Националната здравствена служба да препишат радикална диета за дебелите деца во Британија. Истата би м налагала да изедат по 9 бисквити дневно.

Во овој момент 30% о децата во оваа земја на возраст од 2 до 15 години имаат проблеми со вишокот на килограми и многу од нив се во сериозна опасност од развивање на срцеви заболувања. 

Докторката Сара Бруер предлага Националната здравствена организација да им препише на овие деца исхрана која вклучува јадење на колачи, овошје и зеленчук, како полесно би се избориле со вишокот на килограми.

Маркетинг

Според оваа диета, децата смеат да јадат по 9 бисквити дневно, плус 500 до 700 калории за вечера, но само доколку се придржуваат на дневните количини на зеленчук и овошје.

Докторката Бруер верува дека ваквите радикални мерки се неопходни, како би се застанало на патот на ова хронично дебелеење во Велика Британија.

biskviti1

До сега се испробани различни пристапи, но истите не даваат резултати. Време е да се обидеме со нешто ново кое е можеби екстремно, но животот на тие деца е веќе загрозен. Ако успееме да ги вратиме старите денови кога децата повеќе си играа надвор, ќе мора да го промениме пристапот на 21 век со проблем од 21 век. Ајде да ја замениме нездравата исхрана со оброци кои ќе ги заситат децата и ќе им помогнат во процесот на слабеење“, вели докторката.

Во Америка оваа диета ја има развиено доктор Стенфорд Сигал, како би го сменил пристапот во борбата со дебелеењето.

Бисквитите кои тие ги препорачуваат содржат здрава мешавина на аминокиселини кои успеваат да заситат, а кои се наоѓаат во млекото, овесната каша и оризот. Освен тоа, бисквитите обезбедуваат здрави мононезаситени и неопходни масни киселини.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button