9 години чекаа на ова: Сања и Слаткар пресреќни – честитки пристигнуваат од сите страни
Прекрасна причина за славење во домот на македонскиот рапер.
Честитки не престануваат да пристигнуваат до Сања и Слаткар.
Познатиот рапер Марко Маринковиќ и некогашната манекенка Сања Николиќ се вистински пример за сите како се негува и одржува љубовта и после долги години брак.
ФОТО: Принтскрин
Секогаш со голем жар и љубов во очите зборуваат еден за друг.
Долго време се заедно, а од 2014 година пловат во брачните води.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Во секое свое интервју Марко не пропушта на некој начин да ја искаже својата љубов кон Сања.
Таа е неговата најголема инспирација и муза и раперот ѝ има посветено неколку песни.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Плод на нивната љубов е синот Моша.
Моша се роди пред 4 години на 15 април.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Во едно свое интервју Слаткар истакна дека тој и Сања 9 години се обидувале да добијат дете.
Моша е круна на нивната љубов.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
По повод неговиот роденден, Сања и Слаткар му организираа тематска роденденска забава со Спајдермен.
Славниот пар ги дуваше роденденските свеќички заедно со славеникот.