Диети

70 дена јадела само од оваа превкусна храна, резултатите се фасцинантни – ослабела 13,5 килограми и се ослободила од болките

Advertisement

Кога медицинската сестра Џејн од САД објавила дека ќе се храни исклучиво со сардини во конзерва цели 70 дена, пријателите и семејството ја исмевале и ја убедувале да се откаже.

Но, таа била решена да им го докаже спротивното.

Advertisement

Во мај, со висина од 152 сантиметри и тешка 82 килограми, Џејн едвај можела да оди поради болки во стапалата и колената. Наместо вообичаени диети, од кои секако пробала брзброј но неуспешно, таа одбрала радикален пристап: четири конзерви сардини дневно и ништо друго.

Нејзиниот дневен план вклучувал: една конзерва наутро, две конзерви со маслиново масло напладне и последната конзерва до 15 часот – без ужинки и „мали задоволства“.

„Сардините ме заситуваа, престанав да мислам на следниот оброк“, вели таа.

Advertisement
фото-пекселс

Резултатите биле изненадувачки: по само пет дена, нивото на шеќер во крвта се намалило од опасни 9 mmol/l на 6–7 mmol/l. По 70 дена, изгубила цели 13,5 килограми, болките исчезнале, а енергијата ѝ се вратила.

Зошто сардините помагаат во слабеењето?

Сардините се богати со протеини и здрави масти, кои обезбедуваат долготрајно чувство на ситост и ја намалуваат потребата за чести оброци.

Природно се нискокалорични, а истовремено обезбедуваат важни хранливи материи – омега-3 масни киселини за здравје на срцето, витамин Д за коски и имунитет, како и селен, кој делува како моќен антиоксиданс.

Високата содржина на протеини помага во зачувување на мускулната маса за време на слабеењето, додека мастите го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, спречувајќи нагли напади на глад.

Присуството на омега-3 масни киселини и високо квалитетни протеини во сардините има позитивно влијание врз метаболизмот. Омега-3 го намалува воспалението во телото и ја подобрува чувствителноста на инсулин, што овозможува поефикасно користење на гликозата како енергија наместо складирање во масти.

Протеините, пак, имаат поголем „термички ефект“ – телото троши повеќе калории за нивна обработка во споредба со јаглехидратите или мастите, што значи дека внесот на сардини може да го поттикне метаболизмот да работи побрзо и поефикасно.

фото-пекселс

Иако докторката Анет Босворт предупредува дека вакви екстремни режими не се препорачуваат за сите, признава дека резултатите на Џејн се импресивни и дека сардините, како дел од балансирана исхрана, можат да бидат силен сојузник во контролата на тежината и подобрување на метаболичкото здравје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button