Реклама
Секс

7 тајни на слабите луѓе

Реклама

„ Дали сте забележале дека некои жени ја задржуваат својата витка става без грижи за пропуштените вежби и броење на секоја внесена калорија?“

Маркетинг

Изгледа многу нефер и фрустрирачки – но овие дами сигурно имаат неколку тајни кои ние останатите можеме да ги позајмиме! Излегува дека не мора ги скратувате и така малкуте продукти кои ги внесувате во вашата диета или да се држите до строг режим на вежбање, за брзи и импресивни резултати. Всушност, неодамнешни истражувања покажуваат дека понекогаш се потребни мали, практични промени на секојдневните навики, кои без сомневање ќе допринесат без никаков напор да загубите килограми брзо и тоа засекогаш!

Најдете време за чај

Маркетинг

alt

Една студија на American Journal of Clinical Nutrition открива дека жените со највисоко присуство на катехини, антиоксиданси во чајот кои го забрзуваат согорувањето на масти, качуваат многу помалку тежина, во период од 14 години, за разлика од оние кои пијат помалку од истото. Белите и зелените тревки имаат најмногу катехини!

Префрлете ги вежбите наутро

alt

Кога ќе се испотите наутро, пред да седнете да доручкувате, ќе ви помогне побргу да ослабите – вели истражувањето на американскиот журнал за физиологија. Вежбањето на празен стомак наутро го подобрува нивото на гликоза во организмот, што автоматски значи дека го поттикнува вашето тело да губи маснотии.
 
Придружете на „Доручек Клубот“

Ако се уште не сте почнале да имате редовен оброк наутро, време е да почнете да го правите тоа. American Journal of Clinical Nutrition докажува дека луѓето кои редовно го јадат својот појадок имаат во просек 5 cm. потенка половина од оние кои го прескокнуваат појадокот. Утринскиот оброк го забрзува метаболизмот, плус, допринесува организмот да создава помалку од ензимот кој го покачува холестеролот во крвта.

Уживајте во храната

Јадењето полека но сигурно помага да останете витки. Една студија во списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам бележи дека луѓето кои јадат една порција сладолед за 30 мин. Создаваат хормон на заситеност и се чувствуваат најадени за разлика од оние кои ќе изедат иста порција за пократко време. Секогаш кога ќе можете, трудете се да го насочите вниманието кон нешто споредно (пр. гледање телевизија) за да можете побавно да јадете и истовремено целосно да ја уживате аромата на вашето омилено јадење.

Станете суштество од навика

Јадењето во исто или приближно исто време секој ден, помага при намалувањето на телесна тежина. Научници на Salk Institute for Biological Studies во La Jolla, California истражувале на стаорци кои јаделе во конкретно фиксно време и не јаделе потоа 12 часа во текот на ноќта, нивните црни дробови ги активирале гените кои согоруваат повеќе шеќери и масти. Затоа препорака од специјалисти е последниот оброк, т.е. вечерата да ја консумираме што е можно порано – 19 часот се зема за идеален тајминг!

Започнете со вода

alt

Пиењето на две чаши вода пред јадење, помага да се загубат над 2 килограми, покажуваат истражувањата на Virginia Tech. Како надополнувачки позитивен ефект на оваа метода е тоа што и оние кои не се на диета за слабеење, можат да ја задржат посакуваната тежина. Водата ги „полни“ оние празнини во организмот, кои кога таму не би се наоѓала оваа течност, се полнат со калории. Пресметано е дека на овој начин се внесуваат од 75 до 90 калории помалку.

Користете ја вагата редовно

alt

Според Minneapolis Heart Institute Foundation, оние „диетари“ кои се мерат на вага барем еднаш неделно, губат повеќе од несаканата тежина од колку оние кои тоа не го прават редовно. Додатен позитивен ефект е тоа што ваквата навика им помага на оние кои не се на диета за слабеење да ја задржат тежината, односно да не качуваат килограми. Оваа метода делува пред сé на психичка основа, со тоа што му укажува на поединецот кога треба да почне да обраќа внимание на својата телесна тежина, пред драстично да ја зголеми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button