Цвеќињата на масата додека пиете кафе ќе ви ’осигура‘ подобар ден, полн со надеж и верба во себе.
1. Напијте се утринско кафе со букет цвеќиња
Секое утро ја пијте својата доза на црно кафе за да се расоните? Ставете на масата букет цвеќиња или барем еден цвет роза, лале или некој друг цвет, затоа што еволуциските психолози веруваат дека цвеќето и билките ги перципираме како потсвесни знаци на сигурност, награда и ветување. Цвеќе на масата додека пиете кафе ќе ви ’осигура‘ подобар ден, полн со надеж и верба во себе.
2. Спијте на десната страна
Турските истражувачи откриле дека луѓето кои спијат на својата десна страна од телото имаат посреќни, поубави и мирни соништа, полни со мир и љубов. Подобро се одмораат во текот на ноќта затоа што и помалку се будат. Оние кои спијат на левата страна, на тој начин ги притискаат органите од таа страна на телото и честопати имаат кошмари.
3. Напијте се чаша свежо исцеден сок од портокал
Портокалите се богати со витамин Б6 и фолна киселина, а кога станува збор за депресивните типови, откриено е дека токму тој витамин и фолната киселина се им во недостаток во организмот. Затопа чаша на свежо исцеден сок од портокал помага за подобро расположение, а според некои истражувања може да игра и улога во превенцијата при заболување од депресија.
4. Одете на спиење еден час порано
Интересно откритие на научниците е дека кога спиеме помалку, тоа влијае на нашата смисла за хумор. Еве како го објаснуваат тоа: за да можете нешто да го кажете на смешен начин, потребно е информациите да ги обработите преку спознавање, но и емоционално. А тоа е тешко да се постигне доколку не сте добро наспиени, тврди професорот по психологија на Универзитетот Харвард, Вилијам Д.С. Килгор. Во едно истражување испитаниците кои не се наспале доволно, имале потешкотии во препознавањето на вестите или цртаните кои требало да бидат од хумористичен карактер.
5. Вежбајте во природа
Само пет минути вежбање во природа дневно може да ви го подобри расположението и да ви ја подигне самодовербата. Се препорачува да вежбате наутро, пред да одите на работа. Барем 5 до 10 минути.
6. Утрински секс
Нивото на тестостерон наутро е на највисоко ниво, па треба да го искористите тоа! Освен што и вие и партнерот ќе бидете позадоволни и ќе се чувствувате поблиски еден до друг во текот на целиот ден, водењето љубов има големо влијание на подобрата циркулација на крв низ целиот организам, дури и мозокот.