Реклама
Секс

5 знаци дека ú се допаѓате

Реклама

„Жените многу често реагираат спротивно на она што дури и тие самите го сакаат, глумат „лудило“ и се прават тешки за освојување, таква е едноставно нивната природа.“

 

Маркетинг

Читањето на body language-от ќе ви даде доста видливи знаци со кои ќе ви оддаде дека ú се допаѓате (но најверојатно ќе играат на картата што претходно ја спомнавме – hard to get). Ние ќе ви дадеме неколку корисни совети за читање на најосновните отворени гестови во говорот на телото.
 

Гест бр. 1 – Пеперутка
Пеперутка е гест кој таа го прави откако ќе воспоставите контакт со очите, во просторија полна со луѓе. Во суштина, очниот контакт е повик за акција. Би сакале да видите некаква реакција од нејзина страна, со која ќе покаже дека е заинтересирана за вас и ú се допаѓате. Најчести такви нешта се: играње со косата, поправање на накитот или облеката и играње со цевката од пиењето – ова се гестовите кои се нарекуваат „пеперутка реакции“! Ако примате некој од овие знаци, значи дека е многу можно да ú се допаѓате.

Маркетинг

Гест бр. 2 – Читање на дланка
„Отворени“ зглобови и внатрешност од дланките се знаци на отвореност и искреност, кои таа ќе ги искаже кон луѓето кои ја интересираат. Потсвесно таа вели: „Ако ме сакаш, дојди и земи ме“. Ова е многу слично со „Показалецот“, каде што дискретно (но не мора строго да значи) покажува кон вас со стапалото или коленото (кога и се скрстени нозете).

Гест бр. 3 – „Навалена“ кула на љубовта

Овој гест може многу лесно да се воочи кога таа се навалува кон вас, при „вообичаената“ конверзација. Горниот дел од нејзиното тело ќе биде свртен кон вас, ако е заинтересирана. Во суштина, ќе се наведне кон вас и ќе ви покаже што сака. За разлика од кулата во Пиза, оваа реакција означува дека „не е направена од камен“.

Гест бр. 4 – Мачкин поглед

За ова не ви треба да имате многу мозок! Ако ви се насмевнува кога гледа во вас, одете кај неа и започнете разговор. Нема потреба да го чекате Годо да дојде и да ви го „чува стравот“. Девојката е нестрплива.

Гест бр. 5 – Пријателски допир
Ако ве допира повеќепати додека разговарате, на пример, да бе „тапша“ по раката додека се обидува да докаже некоја поента, тогаш е и тоа како заинтересирана за вас! Најверојатно, во овој момент и не се прави толку тешка за освојување, така да се што треба да направите е да одите на „егзекуција“.

Очигледно е дека постојат многу гестови и сигнали кои го покажуваат и укажуваат на нејзиниот интерес кон вас, но ако ги научите основите (а овие кои ви ги опишавме се токму тоа) сега, ќе се стекнете со подлога од знаење која ќе ви овозможи да „дешифрирате“ и далеку посложени форми на женско изразување. (Според некои научници, полесен бил патот на Шамполион при декодирањето на Египетските хиероглифи, од колку разбирањето на начинот на работа на женскиот ум). Така да, кога еднаш ќе ја совладате „науката“ позади body language-от, гестовите кои ние ги набројавме во овој текст, ќе ви станат практика на common sense и ќе можете да ги применувате во различни аспекти од секојдневното живеење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button